Расправиите на родителите предизвикуваат физичка болка кај децата

Нема двојка која никогаш не се расправа, посебно оние кои долго време се во брак. Раправиите и несогласувањата се нормална појава, но не треба пред децата гласно да се расправате.

Повишен глас, навреди, пцуење, физички напад кој вклучува и фрлање на предмети штетно влијаат на децата. Психолозите предупредуваат дека последиците остануваат до крај на живот.

Секое дете има потреба да се чувствува сигурно и заштитено, а расправиите пред децата дејствуваат спротивно.

Тоа ги плаши и ги прави несигурни, дури и кога не можат да ги разберат зборовите, истражувањата покажуваат дека активноста на мозокот кај бебињата се менува кога ќе слушнат лут глас. Бебињата поради тоа чувствуваат несигурност, немир, долго плачат, имаат слаб апетит и лоша комуникација со околината.

Некои од последиците може да бидат повлеченост, невообичаено тивко и повлечено дете, чувство на вина, агресивност, непријателство спрема сите.

Ако караниците се повторуваат секој ден, голема е веројатноста детето да стане депресивно, анксиозно и се соочува со долги емоционални потешкотии и проблеми во однесувањето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk