Редовно практикувајте вежби за зајакнување на мускулатурата кај бебињата

Дури и едноставната положба кога бебето е легнато на стомак може да придонесе за успешен и квалитетен развој на бебето, како во психичка така и во моторичка смисла.

Положбата на стомакот тн. tummy time е одлична вежба која што го води детето во подготовка за седење, ползење и фина моторика. Истовремено таа придонесува за подобро и поуспешно запознавање со околината, поврзување на акција-реакција, за добар развој на карличната област и здравото телесно држење.

Никогаш не е прерано за да се почне со вежби кои ја зајакнуваат мускулатурата на бебето. Малото бебе држете го легнато на стомаче а потоа или потпрете го преку вашите гради и стомак легнато на стомачето , а кога ќе може самостојно да ја крене главата легнувајте го на стомачето на цврст под.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk