Редовно чистете го носот на бебето

Во првите месеци од живото децата најчесто практикуваат само дишење преку нос. Ако носот е непрооден дишењето станува неправилно бидејќи се изведува преку устата.

Секојдневното чистење на носето на бебето е потребно особено пред секое доење или хранење.

Непроодниот нос кај доенчињата може да биде причина за голтање на повеќе воздух во текот на доењето што може да резултира со зачестена појава на несакананите и болни стомачни грчеви и секако причина доењето да се одвива со потешкотија.

Синусите и општо имунолошкиот систем кај бебињата не се во целост развиени што придонесува бебињата да бидат поподложни на инфекции на горните дишни патишта. Според лекарите, запушениот нос кај бебињата е причина плус за развој на бактериски инфекции.

Чистењето на носето и навлажнувањето на неговата слузница особено во затворени и климатизирани простории е особено важно за мирен и спокоен сон.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk