Редуцирајте ја употребата на пластичните шишиња

Во суштина, пластичните шишиња се наменети само за еднократна употреба.

Во спротивно, можеме да бидеме мета на бактерии кои се таложат на внатрешната пластика од шишето.

Влажната внатрешност е идеално место за развој на бактерии. За да се уништат тие бактерии, потребна е дезинфекција на внатрешноста на шишето на поголема темепература, односно миење на шишето со врела вода. Но, пластиката не е создадена да ги издржи тие топлини и доаѓа до деформирање на обликот на шишето што го прави неупотребливо за понатаму. Затоа научниците сметаат дека дури и да се измијат или да се стават во машина за миење на садови, пластичните шишиња не се безбедни за употреба.

Тие предлагаат за повеќекратна намена да се користат само пластични шишиња и општо пластични садови направени само од полипропилен. Со цел да се оневозможи развивањето на бактерии во внатрешноста на пластичните шишиња и садови, потребно е добро да се исушат пред да бидат употребени.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk