Резистенцијата кон антибиотиците се јавува полесно отколку што мислиме

Објавено на: Nov 15, 2016 од Мама Ане
%d0%bf%d0%be%d0%bf%d1%83%d0%bb%d1%8f%d1%80%d0%bd%d1%8b%d0%b9-%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%ba_shutterstock_98799143

Состојбата во пракса во поглед на употребата на антибиотиците и антибиотискиот начин на терапија е навистина загрижувачка.

Имено, лекарите под притисок на пациентите кои сакаат што поскоро да оздрават често препишуваат антибиотици дури и кога тие не се индицирани како во случај на вирусни заболувања и слаби респираторни инфекции. Од друга страна и самите пациенти успеваат да се снајдат и да ги купат антибиотиците на своја рака, често и поради превентивна причина.

Секој пат кога пациентот зема антибиотик поради бактериска инфекција лекот ги убива бактериите. Сепак, може да се случи некои поотпорни бактерии да мутираат и на тој начин да преживеат.

Овие отпорни страни тела брзо се размножуваат создавајќи вид на бактерии отпорен на антибиотикот кој дотогаш делувал врз истиот вид на бактерија ( пред да се случи мутацијата )

На тој начин се создава брза резистенција кон антибиотикот што придонесува терапијата со антибиотици повеќе да не биде делотворна.

 

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…