Рецепт: Ароматизиран пудинг од тиква

Есента допрва доаѓа. Искористете го богатството на плодови што го нуди ова годишно време и подгответе вкусен ароматичен пудинг од тиква.

Потребни состојки:

● 350-400 гр пире од варена или печена тиква
● 2 супени лажици брашно
● 1 полна супена лажица мед
● 3 дцл оризово или зобено млеко
● 1 мала лажичка екстракт од ванила
● 2 мали лажички цимет
● половина мала лажичка мелен ѓумбир

Начин на подготовка:

Тиквата исечете ја на коцкички. Сварете ја во вода и со стапчест миксер направете пире. Во пирето потоа додадете ги брашното, медот, млекото и сите зачини. Добро промешајте за да не ви останат грутки.

Ставете ја смесата на тивок оган и мешајте додека да проврие. Кога пудингот ќе проврие, оставете го лесно да врие со мешање, уште минута до две, па додадете во изладени садови. Потоа ставете го во ладилник на два часа за потполно да се излади и да добие цврста структура.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk