Рецепт: Ароматична чорба од лук

Ароматично гурманско задоволство во кое може да уживате со кришка препечен леб.

 

Потребни состојки:

500 мл пилешка супа

700 милилитри вода со врзоп за супа

20 грама путер

10 чешниња лук

5 грама рендано морско оревче

3 јајца

6 кришки бајат леб

2 лажици маслиново масло, сол, мелен црн пипер.

Начин на приготвување:

Ставете ја водата со врзопот за супа да зоврие, па додадете ја пилешката супа. На тивок оган динстајте го лукот на растопениот путер, додека стане стаклест, па додадете ја супата.

Посолете, зачинете со мелениот црн пипер и морското оревче, па варете 15 минути. Измиксајте ја смесата во блендер. Кришките леб потопете ги во изматени белки и испечете ги во рерна.

Изматете ги жолчките со маслиновото масло и додадете ги во чорбата, непрекинато мешајќи. Вратете ја чорбата на оган да се загрее, но внимавајте да не зоврие.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk