Рецепт: Бабури полнети со компир

За сите што уживаат во вкусот на полнетите пиперки, овој пат малку поинакво но подеднакво вкусно полнење.

Потребни состојки:

8 бабури

125 г путер

2 чешниња лук

босилек

сладок пипер

1 лажичка сол

700 г сварени компири

250 г рендан кашкавал

Начин на приготвување:

Внимателно отсечете го врвот од пиперките и исчистете ги семките. Ставете ги во зовриена вода на 3 минути, извадете ги и исцедете ги.

Загрејте 80 г путер и додадете го лукот, пиперот, сол, босилек. Помешајте и тргнете од оган.

Измешајте ги згмечените варени компири, 3/4 од ренданиот кашкавал и зачинетиот путер и мешајте додека смесата не стане компактна.

Наполнете ги пиперките а остатокот од кашкавалот ставете го врз пиперките и ставете ги во намрсена чинија з апечење и премачкајте со остатокот од путерот.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk