Рецепт: Банички со сирење од готови кори

Превкусни банички со сирење подготвени со готови кори кои пријатно ќе ги изненадат дури и најпребирливите гурмани.

Потребни состојки:

-500 гр.готови корки

-1 јогурт

-4 јајца

-една чаша масло

-500 гр.сирење

Начин на подготовка:

Изматете го сирењето со две јајца. Посолете според желба.

Направете фил со кој ќе ги премачкувате корите. Се мати јогурт, 2 јајца и чаша масло. Малку посолете.

Корите исечете ги со нож на средина. Ќе добиете помали кори.

Земајте по една кора и по цела површина премачкајте ја со филот.

Потоа преклопете еден дел ( една третина), па преку него превртете друг дел. Ќе бобиете кора во должина околу 25, а ширина 8 сантиметри.

На еден крај ставете сирење, па преклопете, правејќи триаголник, а потоа повторно преклопете.

Постапката повторувајте ја се додека не го потрошите сирењето и корите. Ако ви остане од сирењето можете да го ставите и одозгора врз баничките.

Баничките се печат 10-15 минути на 200 степени.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk