Рецепт: Бела торта

Кремаста и вкусна, вистински деликатес на трпезата.

Потребни состојки:
за кората:
200 гр сецкани ореви
8 белки
100 гр шеќер
2 пакетчиња ванилин шеќер
80 гр пченично остро брашно
1 лажиче прашок за пециво
50 мл масло
100 гр суво грозје

за премачкување на кората:
100 гр џем од кајсии

за кремот:
8 жолчки
120 гр шеќер
2 пакетчиња ванилин шеќер
300 гр маскарпоне сирење
150 мл слатка павлака

за украсување:
500 гр шлаг во прав
чоколадни трошки

Начин на подготовка:
– Поголема тава со дијаметар од 30 см обложете ја со хартија за печење, премачкајте со путер и посипете со брашно.

– Оревите крупно исецкајте ги и распоередете ги на тавата.

– Белките изматете ги убаво во густ шлаг, додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер до добиете густ, бел, пенест крем.

– Додадете го брашното измешано со прашокот за пециво, измешајте, а потоа додадете ги и маслото и сувото грозје. Подготвената смеса сипете ја над оревите во тавата.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени и веднаш смалете ја температурата на 180 степени. Печете 15-20 минути, извадате ја тавата од рернаи ставете ја на влажна крпа околу 15 минути.

– Кората превртете ја на чинија за торти, така што орасите да бидат горе. Оставете да се излади, а потоа премачкајте ја со џем.

– За кремот, ставете ги жолчките во метален сад и заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер и матете додека не добиете густа пена.

– Садот со жолчките ставете го врз друг сад со врела вода и варете го кремот на пареа со постојано мешање (околу 10 минути). Варениот крем оставете го да се излади.

– Во изладениот крем додадете го маскарпоне сирењето, а потоа полека измешајте и слатката павлака која претходно сте ја изматиле во густ шлаг.

– Над кората нанесете го кремот и оставете неколку саати да се лади во фрижидер.

– Пред да ја послужите тортата премачкајте ја со претходно изматениот шлаг.

– Изладената торта исечете ја на парчиња и посипете ја со чоколадно трошки.

МИА

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk