Рецепт: Благи макарони со ореви и мед

Десерт чиј опоен мирис не потсетува на кујните на нашите баби. Вака подготвените благи макарони се одличен избор на десерт за време на пост.
Потребни состојки:

едно пакетче макарони
3 лажици сечкани ореви
5 лажици мелен шеќер
2 лажици мед
100 гр. суво грозје
100 гр. чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Макароните се варат на вообичаен начин. Веднаш по цедењето се додава мед за да не се залепат и се промешува. Потоа се додава шеќер, ореви и суво грозје. Сето тоа лесно се меша и врз тоа се става чоколадото стопено со малку вода.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk