Рецепт: Бомбици со бадеми

Објавено на: Jan 13, 2016 од Мама Весна

Овие колачиња сигурно ќе ви се допаднат не само поради тоа што се вкусни туку и бидејќи лесно се подготвуваат и не се печат.

Состојки:

200 грама бадеми

1 лажица екстракт од ванила

100 грама врела вода

1 лажица кокосово масло

100 грама брашно од бадеми

260 грама шеќер во прав

Прстофат сол

Подготовка:

Бадемите ставете ги во сад и потопете ги со топла вода и оставете ги 2 часа за да омекнат.

Потоа исцедете ги и ставете ги во миксер заедно со ванила екстрактот, кокосовото масло и солта.

Миксирајте додека мешавината не стане густа паста.

Пастата ставете ја во сад и додадете го бадемовото брашно и се убаво измесете.

Со помош на лажица вадете од смесата и формирајте топчиња, кои потоа убаво ќе ги извалкате во шеќер во прав.

Готовите топчиња ставете ги на хартија за печење и оставете ги да отстојат за да станат цврсти.

Кога ќе се стврднат послужете ги веднаш или складирајте ги во сад кој не пропушта воздух и држете ги во фрижидер.

Имајте добар апетит!


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…