Рецепт: Велигденска млечна погача

Збогатете ја вашата Велигденска трпеза со оваа превкусна млечна погача.

Потребни состојки:

– 1 коцка квасец
– 1 лажичка шеќер
– 1 шоља млеко
– 5 шољи брашно
– 3 јајца
– 5 лажици млечен путер
– 2 лажички сол
– една белка од јајце
– едно црвено јајце за во средина на погачата

Начин на подготовка:
Квасецот и шеќерот ствете ги во млако млеко да одстојат. Во меѓувреме во длабок сад ставете го брашното и солта, а потоа додајте го и квасецот и замесете средно меко тесто со употреба на млака вода доколку има потреба.
Во друг сад изматете ги трите јајца и путерот и смесата додадете ја на тестото и повторно добро замесете. Додајте брашно по потреба. Покријте го тестото со чиста крпа и оставте го да нарасне.
Откако ќе нарасне повторно премесете го тестото и поделете го на три дела. Од секој дел исукајте со рацете долга лента и исплетете плетенка.
Во претходно намрсена тава поставете ја плетенката во круг а во средина ставете го црвеното јајце. Оставете го тестото повторно да нарасне.
Погачата премачкајте ја со белка и ставете ја да се пече во рерната на 220 степени околy 30 минути односно додека не се зацрвени. Проверувајте дали е испечена внатрешноста на погачата со помош на чепкалка. Ако чепкалката е влажна и се лепи значи потребно е погачата сеуште да се пече но на пониска температура доколку веќе е заруменета одозгора.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk