Рецепт: Вкусна салата од макарони и маслинки

Вкусна и лесна салата, одличен избор за секоја свечена трпеза.

 

Потребни состојки:

  • 500г. макарони
  • 3 црвени печени пиперки
  • 100г. црни маслинки
  • 5-6 кисели краставички
  • 3 млади кромидчиња
  • 100г. мајонез
  • 1 супена лажица вински оцет
  • 2-3 кафени лажички шеќер
  • сол
  • црн пипер

Сварете ги макароните на вообичаениот начин..

Откако ќе ги сварите макароните, преминувате кон сечкање на состојќите, маслинките, краставичките печените пиперки, и кромитчињата доколку сте љубители на кромид.

Потоа следно што треба да направите е во подлабок сад состојќите ги мешате со мајонезот, оцетот и шеќерот.

Доколу сакате можете исто така да додадете малку од течноста од краставичките, за вкус. Исто така можете да додадете и млеко, за преливот стане доволно течен.

Откако ќе го направите оваа промешајте уште еднаш и зачинете со сол и црн пипер. Потоа во садот додадете ги макароните промешајте и декорирајте по ваш вкус.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk