Рецепт: Говедско со брокула

Објавено на: Jan 08, 2017 од Мама Весна

Време за подготовка: 35 минути / Порции: 4

3 лажици соја сос
3 лажици јаболков сок
1 лажица јаболков оцет
1 лажица шеќер
3 чешниња лук, мелен
црн бибер
Говедски бифтек, исечен дијагонално во ленти
1 лажичка масло
1 лажица пченкарно брашно
Брокула, исечена и излупена во големина на залак
сол

ЗАБЕЛЕШКА:

За да се ​подготват полесно парчињата од бифтекот, ставете ги во замрзнувач 20 до 30 минути, завиткани во пластика.

ЧЕКОР 1

Во голем плитoк сад, подгответе го миксот од соја сос, сок од јаболко, оцет, шеќер, лук и 1/4 лажичка црн пипер. Додадете го месо. Да се маринираат 15 минути. Оставете резерва од маринадата.

ЧЕКОР 2

Загрејте ја тавата на висока температура и додадете 1 лажица масло. Во две серии, се готви месото додека не зарумени, околу 2 минути по серија. Отстранете го месото од тавата. Додадете 1/2 чаша вода, и промешајте со дрвена лажица. Истурете ја водата во маринадата и додадете пченкарно брашно. Промешајте.

ЧЕКОР 3

Во истата тава, ставете ја брокулата со лажичка масло на висока температура, 2 минути. Додадете 1 чаша вода и варете ја брокулата, 6-8 минути.

ЧЕКОР 4

Промешајте ја маринадата, и ставете ја во тавата и подготвувајте до вриење. Гответе, мешајќи додека не згусне, 30 секунди. Вратете го месото во тавата. Посипете со сол и бибер по желба.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…