Рецепт: Домашен милиброд со суво грозје

Вкусот кој ќе ве врати во вашето детство.

Потребни состојки:
1 килограм брашно
250 грама шеќер
1 пакетче квасец
1 шоља за млеко
2 пакетчиња ванилин шеќер
4 јајца
1 жолчка од јајце
1 шоља зејтин
500 грама мармалад
100 грама суво грозје

Начин на подготовка:

Квасецот, млекото, малку брашно и шеќер се замесуваат во посебен сад.
Се додаваат јајцата, зејтинот и остатокот од брашното.
Тестото се меси околу 10 минути и се остава да нарасне.
Откако ќе нарасне се прави кора со дебелина на бисквит и се премачкува со мармалад. По вкус може да додадете и суво грозје или други суви плодови кои ги сакате.
Тестото се мота во форма на ролат и се става во тавчe обложено со мрсна хартија.
Потоа се премачкува со жолчка од јајце и се остава пак да нарасне.
Милибродот се пече околу 40 минути на температура од 200 степени.
Откако ќе се испече се остава 10тина минути да отстои, а потоа се сервира. По избор, откако ќе го исечете на парчиња, можете да му додадете и шеќер во прав.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk