Рецепт: Домашни грисини со кашкавал

Рецепт за домашни грисини со кашквал кои многу се лесни и брзи за подготовка.

 

Потребни состојки:

100 г брашно
100 г маргарин
100 г кравји кашкавал
1 кафена лажичка црвен пипер
1 жолчка
сол и бибер по вкус

 

Начин на подготовка:

Брашното ставете го во длабок сад. Во него, ставете го маргаринот исечен на мали коцки и со раце мешајте сè додека не се направат трошки. Потоа, додадете ги ренданиот кашкавал,црвениот пипер, солта и биберот.Потоа додадете ја жолчката и лесно мешајте ја смесата. На набрашнета површина исукајте кора од тестот со дебелина од 5 мм. Со нож, сечете стапчиња и редете ги во тавче обложено со хартија за печење. Печете на 200 степени се додека грисините не добијат златна боја.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk