Рецепт за ајвар од кој ќе бидат воодушевени презафатените домаќинки

Есента мирис на ајавар ( барем во нашите краишта ) Мирисот на печени пиперки и превкусниот намаз со топло лепче никого не остава рамнодушен.

Овој рецепт за ајвар е идеален за сите оние домаќинки кои немаат многу време за подготвување зимница.

СОСТОЈКИ:

  • 3 кг црвени пиперки
  • 2 големи модри патлиџани
  • бибер во зрна
  • масло за јадење
  • 1 главица лук
  • една лажица шеќер
  • половина чаша оцет
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Пиперките добро измијте ги, исчистете ги и сомелете ги. Ставете ги на масло и пропржете.
  2. Додајте мелени модри патлиџани кои претходно сте ги измиле и излупиле. Продолжете со пржење и додајте сечкан бел лук, сол, малку шеќер, оцет и бибер во зрно по вкус.
  3. Готовиот ајвар ставете го во чисти стаклени тегли.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk