Рецепт за боза

Објавено на: Feb 01, 2016 од Мама Весна

Освежителенпијалок кој доколку еднаш го пробате сигурно секој сок ќе го замените со овој безалкохолен  пијалок кој се добива со ферментација на брашно пченица или просо, шеќер и квасец.

Потребни спстојки за подготовка на овој пијалок во домашни услови:

Во голем лонец ставете 1 кг пченкарно брашно со 10 литал  млака вода.

Оставете го лонецот да преноќи.Следниот ден ставете го на тивок оган да се готви околу 2 часа. За време на готвењето потребно е почесто да се меша смесата со дрвена лажица.

Настрана во еден филџан издробите 50 г.квасец во млака вода и оставете го да стаса. Кога квасецот ќе се удвои додајте го и него во лонецот па убаво промешајте.

Добиената смеса процедете ја низ газа и по желба засладете. Кога бозата ќе излади, преточете ја во чисти шишиња кои ќе ги чувате на ладно.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…