Рецепт за највкусните палачинки

За појадок или за вечера, за вкусен десерт и уживање, со крем или со мармалад, банани или шлаг палачинките се незаменлив избор.
Потребни состојки:
– 2 јајца
– 4 шољи брашно
– половина литар млеко
– 100 мл. киселa вода
– малку сол
– една лажичка шеќер

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата, додајте сол, шеќер и млеко. Додајте брашно и мешајте додека сите грутки не се истопат и претворат во тесто. Ова главно зависи од брашното, но треба да добиете густа маса.
Додајте кисела вода и измешајте. Оставете ја смесата да одмори 20 минути, а потоа правете палачинки во жешка тава. Наполнете ги со омилениот вкус и уживајте.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk