Рецепт за најмекото тесто за пица што сте го пробале досега

 

Направете го тестото според мерките и ставете го да се пече во веќе загреана рерна. Ќе се изненадите колку ќе биде вкусно.
Потребни состојки:
– 1 кесичка сув квасец
– 3 лажици топла вода
– 1 лажичка шеќер
– 300 грама пченично меко брашно
– 1 лажичка сол
– 3 лажици маслиново масло
– околу 150-200 милилитри вода

Начин на подготовка:

Квасецот разматете го во малку топла вода, додајте го и шеќерот и оставете го да отстои околу пет минути на топло место.
Во брашното додадете ја солта, маслото и квасецот и со постепено додавање на млака вода замесете меко тесто. Оставете го да отстои околу половина час.
Нараснатото тесто развлечете го со рацете во големина на два округли калапи. Печете во загреана рерна на умерена температура.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk