Рецепт за пилешка супа со кари

Одличен избор на топло предјадење во ладните зимски денови.

Потребни состојки:
2 пилешки батаци
2 помали моркови
2 компири
1 помал кромид
3 чешниња лук
700 милилитри вода
1 кафена лажичка кари
1 кафена лажичка оригано
сол

 

Начин на подготовка
Компирите, морковот, лукот и кромидот ситно исецкајте ги. Доколку сакате по кремаста структура на супата можете и да ги изблендирате.
Во подлабок сад на оган ставете го зеленчукот да се вари.
Откако ќе се свари зеленчукот, во садот додајте го и претходно свареното пилешко месо исецкано на ситни парчиња.
Продолжете со варење уште петнаесетина минути.
Пред крајот ставете го карито, ориганото и посолете.
Сервирајте додека е топла.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk