Рецепт: Кинеска салата

Здрав оброк со неверојатна мешавина на вкусови.
Потребни состојки:

500 гр оризови кнедли
300 гр шунка
омлет од 3 јајца
1 краставица
3-4 моркови

потребни состојки за прелив:
5-6 големи лажици соја сос
3 лажици балзамико оцет
1 лажица шеќер
3 лажици масло од сусам
сусам

Начин на подготовка:
Се варат оризовите кнедли, се цедат убаво и се мешаат со предгодно исецканиот зеленчук и шунка кои пак се сецкаат на тенки долги стапчиња. Се пржи омлет од јајцата и се сецка на ленти.се додава во нудлите,шунката и зеленчукот.Се преливаат со преливот од горе наведените состојки и се посипува со сусам.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk