Рецепт: Кокосова бајадера

Неверојатно вкусен посен десерт кој се подготвува брзо и лесно.

 

Потребни состојки:

100 милилитри вода
2 чоколади за готвење
250 грама шеќер
250 грама путер
250 грама кокос
250 грама мелени ореви

Начин на подготовка:

Сварете ги водата и шеќерот 5-6 минути, додека шеќерот не се растопи. Додајте го путерот и постојано мешајте.Откако ќе се растопат путерот и шеќерот тргнете го садот од оган па додајте го кокосот и оревите или бадемите.
Смесата што ќе ја добиете поделете ја на два еднакви дела. Во еден од нив додајте рендано чоколадото за готвење и мешајте додека не се стопи.
Во правоаголен калап ставете го прво посветлиот дел, па чоколадниот дел. Израмнете ја бајадерата, па прелијте ја со топено чоколадо.
Бајадерата чувајте ја на ладно место.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk