Рецепт: Компир кифлички

Домашни кифлички кои ќе ве изненадат со уникатниот вкус.

Потребни состојки:
2 Јајца
200 грама Брашно
100 милилитри Млеко
200 грама варен компир
100 грама кисела павлака
1/2 квасец
200 грама Шунка
малку Сол
малку путер

Начин на подготовка:

Компирите се варат и се пасираат како за подготовка на пире. Се додава јајце, сол, брашно и квасец претходно измешан во малку млеко. Се замесува средно меко тесто. Тестото се сука во кора,се мачка со путерот, се превиткува (како што се прави листесто тесто), потоа се става во фрижидер да стои половина час.
Потоа се развива кора,се сече на квадрати, се филуваат со ситно сечена шунка измешана со павлака и се виткаат кифли.
Се печат во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk