Рецепт: Крап со сос од лук

Сервирајте со гранчиња свежа зелена салата, гранчиња копар и кришки лимон.

Потребни состојки:
  1. 1 Крап од околу 2 кгр.
  2. 1 главица лук
  3. 1 лажиче брашно
  4. 5 лажици оцет
  5. 2 лажици маст или 4 лажици масло
  6. 1/2 лажиче црвен пипер
  7. сол
  8. магданос

Начин на подготовка:

Исчистете го и измијте го крапот па со нoж засечете ја кожата oд двете страни, така да зарезите од средината према опашката бидат помали. Посолете ја рибата и однадвор и одвнатре и дoбро протријте ја со лукчиња. Вo дрвена ваганка истолчете 5-6 чешниња лук, додајте го оцетот, брашното, сечканиот магданос, црвен пипер, сол и црн пипер. Изматете го добро. Крапот ставете го во тава, вo која предходно сте наредиле подлога за да не се залепи кожата при печењето. Прелејте ја со стопена маст или масло рибата и налејте ја со припремената смеса. Ставете ја во рерна и печете ја околу 1 час. За време на печењето почесто преливајте ја со сoкот од печењето. Печениот Крап ставете го на долгнавеста чинија и сервирајте го со салата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk