Рецепт: Кремаста мока торта

Вкусен кремаст десерт, вистинско задоволство за љубителите на слатките.
Потребни состојки и подготовка на пандишпан:
175 гр маргарин
175 гр шеќер
5 јајца
2 лажици мармалад од кајсии
175 гр чоколадо
175 гр брашно
1 пециво
50 гр мелени ореви или бадеми
Маргаринот се изработува со јајцата и шеќерот. Се додаваат останатите состојки и се мешаат да се изедначат. Смесата се истура во округло тавче. Пандишпанот се пече на 180 степени околу 20 мин.
Потребни состојки и подготовка на фил:
250 гр маргарин
250 грама шеќер во прав
2 јајца
сок од 1 портокал
1 лажица кафе
50 гр сецкани ореви
Маргаринот се изработува со јајцата и шеќерот. Се додаваат останатите состојки и се мешаат да се изедначат.
Испечениот пандишпан пресечете го на 2 дела и филувајте го. За декорација ставете глазура од растопено чоколадо.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk