Рецепт: Кремаст десерт во чаша со вкус на капучино

Брзо се подготвува, а претставува вистинско гурманско уживање.

Потребни состојки:
* 250 гр. слатка павлака
* 3 лажички капучино со вкус на карамел или лешник
* 2 јајца
* 3 лажици шеќер
* Какао за гарнир
* Кора од портокал или лимон за гарнир

Начин на подготовка:
Најпрво изматете ја слатката павлака со миксер заедно со трите лажички капучино. Матете долго додека не се направи цврста и густа пена. Во друг сад со миксерот изматете ги јајцата и шеќерот во убава пенлива смеса.

Соединете ги двата фила. Филот од јајцата ставете го во филот со капучиното и мешајте додека смесите подеднакво не се соединат. Во готварски шприц нанесете од смесата, и декорирајте во чаши. Најдобар избор според Давор би биле чаши за шампањ. Декорирајте со какао и кора од лимон или портокал.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk