Рецепт: Крем супа од спанаќ

Објавено на: Feb 16, 2017 од Мама Ане

Богатство од минерали во една чинија.

Потребно:

масло
150 мл павлака
1 лажица зачинал
1,6 л вода
1 кг компири
450 г спанаќ
1 лажичка рендана кора од лимон
2 чешниња лук
150 г кромид
сол

Приготвување: во загреаното масло пропржете ги ситно сечканите кромид и лук. Прелијте ги со еден литар вода, па додадете ги компирите исечени на поголеми парчиња, исчистениот и исечкан спанаќ, кората од лимонот и зачиналот. Сето тоа варете го додека компирите не омекнат. Оставете ги да се изладат, па испасирајте ги во блендер. Вратете ја супата во тенџерето, оставете ја да зоврие, додадете ги остатокот од водата и солта и сето тоа варете го на тивок оган околу 10 минути. На крај додадете ја павлаката.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…