Рецепт: Крцкави соленки со пченица

Одличен избор за вкусно мезе.

Потребни состојки:

3000 г лиснато тесто
100 г тенко исечени листови од печеница
1 јајце
100 г биено сирење

Начин на подготовка:

Од лиснатото тесто развлечете кора во форма на правоаголник со дебелина од 2-3 мм.
Визуелно одредете ја половината на кората и на едната половина наредете ја печеницата па поклопете со другата половина тесто.
Со нож сечете стапчиња со должина од 10 см а ширина 3 см. Премачкајте со изматено јајце, а потоа свиткајте ги како спирали или во друг сакан облик.
Соленките наредете ги на подмачкан плех па поросете ги со рендано сирење. Печете во загреана рерна на 200 степени додека да поруменат.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk