Рецепт: Крцкави чоколадни колачиња

Вкусен чокаден десерт во кој ќе ужива целото семејство.

Потребни состојки:

50 гр. путер

2 чаши шеќер

2 големи јајца

3 лажици ванила

2 чаши брашно

¾ чаша какао

1 и ½ лажичка сода

1 лажичка сол

1 и ¼ чаша парчиња чоколадо

Начин на приготвување:

Започнете со путерот и шеќерот. Измешајте ги заедно, додека не добиете хомогена смеса.

Додаде едно јајце кон готовата смеса.

Продолжете да мешате, додека собирате добро од сите страни на чинијата, за да не останат неизмешани делови.

Ставете го вториот јајце и продолжете да мешате. Додајте ванила и оставете настрана.

За да креирате од смесата вистинско чоколадно чудо, истурете во друг сад на едно место одбрашното, какаото, сода бикарбона и сол.

Сувата смеса додавајте ја кон првата, но имајте на ум дека спојувањето помеѓу двете е подобро да се случува на мали порции и со продолжено мешање.

Кога веќе сè е во еден сад, доаѓа време за додавање на чоколадните парченца.

Со помош на лажица направете мали топченца и ставајте ги врз хартија за печење.

Откако ќе ги наредите, ставете дополнително парчиња од чоколадо одозгора.

Извор: lokalno.mk

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk