Рецепт: Лазањи со модри домати

Вегетаријанска варијанта на познатиот италијански специјалитет.

Потребни состојки:

2 модри домати
1 главица кромид
2 конзерви со црвени домати
2 чешниња лук
1 лажица мед
200 грама пармезан
Едно пакување лазањи
Сол
Бибер
Босилок
Маслиново масло
Путер
Бешамел сос

 

Начин на приготвување:

Излупете ги модрите патлиџани и исечете ги на дебели тркалезни парчиња. Обложете плитка тава со хартија за печење, посолете го модриот патлиџан и ставете ги парчињата да се испечат во рерна на температура од 200°C.
Во длабок сад, на маслиново масло пропржете го кромидот исечкан на ситни парчиња и откако ќе добие жолтеникава боја, додајте го лукот исто така исечен на ситни парчиња и пржете уште 2 минути.
Додајте ги пелатите исечени на коцки. Додајте сол, бибер, мед и босилок. Гответе уште 15 минути.
Во огноотпорен сад подмачкан со путер, наредете слој лазањи на дното од садот, потоа слој од сосот со домати, слој од печените патлиџани и малку изрендан пармезан.
Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите состојките и завршете со слој од тестенини.
Прелијте со бешамел сос и изрендајте пармезан одозгора. Бидете сигурни дека сите листови од тестенината се добро покриени со сосот.
Печете во загреана рерна 20 минути на 200°C. Откако ќе бидат готови лазањите, причекајте да се оладат пред да ги послужите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk