Рецепт: Лисната плетенка со чоколадо

Интересна декорација уште поубав вкус.
Потребни состојки:
– едно пакетче замрзнато лиснато тесто
– едно млечно чоколадо
– 100 грама дробени ореви

Начин на подготовка:
Лиснатото тесто одмрзнете го и расукајте правоаголна кора. Краевите исечете за да добиете совршена правоаголнеста форма.
Во средината ставете го чоколадото и со нож исечете ленти од тестото започнувајќи од чоколадото кон надвор. Лентите преклопете ги една врз друга како да правите плетенка.
Колачот печете го во подмачкан плех на 200 степени се додека не зарумени.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk