Рецепт: Мафини со боровинки

Богати и превкусни мафини од боровикна. Тајната е во благата павлака.

Потребни состојки:

4 јајца

2 шолји бел шеќер

1 шолја растително масло

1 лажичка екстракт од ванила

4 шолји бело брашно

1 лажичка сол

1 лажичка сода бикербона

2 шолји блага павлака

2 шолји боровинки

Начин на приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 °C. Наредете во рамен сад за печење 24 хартиени корпички за мафини.
Во голем сад изматети ги јајцата и додавајте повремено шеќер додека матите. Додадете го маслото без да прекинете со матење. Додајте го екстрактот од ванила.
Во посебен сад додајте ги брашното, солта и содата бикербона.

Истурете ги полека сувите состојки во изматените јајца заедно со слатката павлака, додајте ги и боровинките. Поделете ја смесата во веќе подготвените хартии за мафини.
Печете ги во веќе загреаната рерна 20 минути.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk