Рецепт: Мафини со тиквички и лук

Наведените состојки се доволни за 12 превкусни мафини со тиквички и лук.

  • 1 тиквичка
  • 200 грама брашно со веќе додаден квасец
  • 2 мали лажички прашок за пециво
  • 1 мала лажичка сода бикарбона
  • 1 мало лукче
  • 1 мала лажичка сенф
  • 250 мл соја сос
  • 1 мала лажичка чиа семе потопено во 4 лажички врела вода (се остава 5 минути да се згусне) или 1 јајце
  • сол и црн пипер

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Изрендајте ја тиквичката. Ставете ги брашното со веќе додаден квасец, прашокот за пециво и лажичката сода бикарбона во голем сад. Додадете ја изренданата тиквичка, посолете и додадете црн пипер. Промешајте, направете дупка во средината на смесата и во дупката додадете ги сенфот, чиа семето или јајцето и соја сосот. Полека почнете да месите додека не добиете тестеста смеса. Ваквата смеса поделете ја на 12 еднакви дела и ставете ја во сад за печење мафини кој претходно ќе го намачкате со маргарин или зејтин. Печете 30 до 40 минути додека не добијат златникава боја. Послужете ги мафините откако добро ќе се оладат.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk