Рецепт: Млечна пита

Објавено на: Mar 20, 2017 од Мама Ане

Неодолив млечен вкус.

 

Потребни состојки:
3 јајца
50 г путер
100 мл вода
брашно колку за замесување
1 л млеко
шеќер по вкус
3-4 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Ставете ги јајцата во сад заедно со маслото и измешајте ги добро. Додадете ги водата, солта и брашното, колку да се замеси меко тесто. Поделете го на 4-5 топчиња и од секоја расукајте тенка кора.

Намачкајте го калапот со путер. Наредете ги корите во еден ред и намачкајте обилно со стопен путер. Печете во загреана рерна на 180 степени.

Почекајте корите да се изладат добро. Потоа наредете ги една врз друга и преливајте со топлото млеко кое сте го засладиле на вкус и во кое сте додале ванила.

Покријте го садот со крпа и оставете го млекото да се впие.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…