Рецепт: Мусака со модри домати

Есенски гурмански специјалитет.

Потребни состојки:

  • 8 поголеми печени пиперки
  • 1 модар патлиџан со средна големина
  • 3 јајца
  • зејтин
  • 200 гр брашно
  • 400 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 60 гр рендано тесто
  • 1 дл сок од домати
  • 1/2 лажиче мелен пипер
  • мешавина од зачини

За поготовка на сосот потребни се следниве производи:

  • 2 јајца
  • 2 дл павлака
  • 2 дл млеко

Начин на подготовка:
1. Печените пиперки се лупат и се чистат. Потоа се валкаат во брашно, па во изматените јајца и се пржат на врел зејтин од двете страни додека не поруменат.
2. Патлиџанот заедно со кората се сече не тенки кругови. Се посолува и се остава да пушти сок. Се валка во брашно, па во јајцата и се пржи.
3. Кромидот се сече на коцки, морковот се ренда, па се заедно се пропржува на малку зејтин. Се дидава меленото месо, па и тоа се пропржува. Потоа се додава сок од домати, мелен пипер и малку вода по потреба, па се динста додека месото не омекне. Потоа се поросува со рендано тесто, се зачинува по желба и се продолжува со динстање додека тестото не набабри.
4. Се намастува огноотпорен сад и дното се обложува со пола од похуваните пиперки. Одозгора се распоредува половина од месото и се прекрива со похуваните патлиџани. Потоа се става остатокот од месото и се прекрива со втората половина од пиперките.
5. Посебно се матат јајцата, павлаката и млекото и се прелеваат преку мусаката. Се пече во загреана рерна на 200ºЦ додека не поруменат.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk