Рецепт: Направете здрав помфрит од рерна

Кој може да им одолее на вкусните помфрит компирчиња? Бидејќи многумина велат дека пржените компирчиња дебелеат ние ви нудиме рецепт за здрав помфрит од рерна.

 

Потребни состојки:

-компир

-белка од јајце

-зачини по желба

Начин на подготовка:

Пржењето како начин на припремање на храната не е баш препорачливо. Па затоа ви нудиме начин како да припремите здрав помфрит.

Исечете го компирот, помешајте го со белките од јајца во кој сте ги ставиле зачините. Наредете го компирот на хартија за печење. Компирот печете го во загреана рерна на 220 степени додека да порумени. Белките за време на печењето помфритот ќе го направат крцкав, а компирот сепак нема да плива во зејтин.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk