Рецепт: Паштета од печурки и бадеми

Објавено на: Oct 10, 2016 од Мама Весна

Вкусна домашна паштета со бадеми и печурки.

Состојки:

– 400 грама шампињони

– 100 грама бадеми

– 50 грама путер

– 1 мала главица кромид

– 2 ченчиња лук

– 1 дл, бело вино

– 2 лажички неутрална павлака

– 1 лажичка сецен першун

– двопек, сол

– 150 грама листови од месната сланина

Подготовка

1. Печурките исечете ги на листо, кромидот на коцкици, а лукот изрендајте го на ситно ренде.

2. Ставете малку масло во тефлонско тавче, пропржете го крмидот и изренданиот лук. Потоа додајте ги шампињоните и на кратко испржете ги.

3. Додадете бело вино, зачини по вкус и динстајте додека вишокот течност не испари.

4. Бадемите сомелете ги во блендер и додадете оладене смеса од печурки. Ставете 2 лажички павлака и све заедно измиксајте додека не добиете фина кремаста смеса. Оставете ја во фрижидер да се стегне.

5. Спремената паштета премачкајте ја преку двопек и украсете со сланина.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…