Рецепт: Печено пире

Интересен начин на подготовка на за многумина омилениот зеленчук-компирот. Уживајте во убавиот вкус на ова пире подготвено со минимална количина масло за јадење.

 

Потребни состојки:

– 1 килограм компири
– 3 жолчки
– 100 гр путер

Начин на подготовка:

Излупените компири сварете ги во солена вода. Сварениот компир испасирајте го и од него направете пире. Во пирето додајте ги жолчките и растопениот путер и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Смесата ставете ја во готварски шприц и на обложениот плех со хартија за печење направете форми по ваша желба. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 190 степени околу 30 минути. Формите од компири се готови во оној момент кога ќе поруменат.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk