Рецепт: Печен карфиол со сос од пармезан

Вистинско гурманско уживање.

Потребни состојки:

  1. 500 г карфиол
  2. 300 г кашкавал
  3. 1 лажица путер
  4. 300 мл млеко (состојки за сосот)
  5. 30 г брашно
  6. 30 г путер
  7. 50 г пармезан
  8. 60 г кашкавал
  9. 2 лажички сол
  10. 1 лажичка сенф
  11. малку црн пипер
Начин на подготовка:
  1. Карфиолот добро измијте го и поделете го на парченца. Во голем сад ставете вода да зоврие.
  2. Откако водата ќе зоврие ставете го карфиолот во садот за да се свари. По десетина минути извадете го и исцедете го. Тавата за печење премачкајте ја со путер и префрлете го карфиолот. Загрејте ја рерната на 180 степени.Во меѓувреме направете го сосот. Во сад ставете путер почекајте да се растопи и додадете брашно. Промешајте. Полека додавајте млеко и постојано мешајте. На крај ставете сенф. На тивок оган варете го сосот додека не стане густ. Додадете пармезан, кашкавал, ставете сол и малку црн пипер. Со сосот прелијте го карфиолот, а одозгора изрендајте кашкавал. Печете околу 10 до 15 минути додека карфиолот не добие златно кафена боја.
Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk