Рецепт: Пилешки крилца со прелив од сенф

Погответе им на вашите најблиски вистинско гурманско изненадување- крцкави маринирани крилца кои одлично одговараат со чаша ладно пиво.

Состојки:
16 пилешки крилца
½ лажичка црвен пипер
1 лажица сенф
едно сипување лут сос
1 лажица кафен шеќер
2 лажици соја сос
сокот и кората од 1 голем портокал
1 лажица маслиново масло

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки во голем сад.
Додајте ги пилешките крилца и измешајте ги додека не бидат убаво обложени од сосот. Покријте ги и оставете ги да отстојат во фрижидерот или преку ноќ.
Загрејте ја рерната на 200 °C.
Печете ги околу 30 минути, со едно превртување. Треба да потемнат и да станат лепливи.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk