Рецепт: Пилешко месо со домашни јуфки

Ова јадење се прави на ист начин со јагнешко и овчо месо. Експериментирајте со вкусовите.

Потребни состојки:

1 помало пиле
300 гр. домашни јуфки
200 гр. маст
2 главици кромид
магданос
црвен пипер
сол

Начин на подготовка:

Исчистете го пилето и ставете го да се вари со сол. Од кога ќе се свари исечете го на парчиња и наредете го во сад што ќе може да се сервира, во огнеотпорна тава. Околу пилето ставете искршени јуфки. Кромидот исечкајте го ситно и испржете го, сипајте го во водата каде се варело пилето, па со тоа прелејте го месото и јуфките. Поросете го со ситно сечкан магданос и црвен пилер. Печете го во рерна околу 20 минути. Готовото јадење не треба да биде ни мноry гyсто ни многу ретко.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk