Рецепт: Пита со праз и компир

Објавено на: Jan 07, 2017 од Мама Весна

За сите љубители на пита оваа е прсти да излижеш. 

Потребни состојки

* 500 гр. кори за пита

* 600 гр. компир

* 2 пар. праз

* 100 мл зејтин

* 3 јајца

* 200 мл јогурт

* 200 мл млеко

* по вкус сол и бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирот се лупи и се ренда на крупнта страна на рендето.

Празот се сецка.

Во тава на оган се става зејтинот и се пропржува компирот додека да омекне. Пожелно е да се пржи на тивок огн.

Одкако компирот ќе омекне во него се додава празот и зачините по вкус, и се пржи се заедно додека да омекне и празот.

Во тавче големина од електричен шпорет се става малку зејтин.

Се започнува со филување на корите. Се зема една кора и по средината се распоредува малку од филот се преклуповаат навнатре двете страни до средина и се набира како хармоника и така подготвена се става во тацчето. На истиот начин се подготвуваат и останатите кори.

Во сад се матат јајцата со вилушка и во нив се додаваат јогуртот и млекото и таа смеса се полева рамномерно врз корите.

Се пече во загреана рерна на 200 степени се додека да зарумени.

Печената пита се остава малку да се излади и потоа се сече на коцки.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…