Рецепт: Посен колач со кокос и мармалад

Вистинско десертно  уживање во деновите од постот.

Потребни состојки:

300 мл. газирана вода
120 мл. масло за јадење
1 кесичка прашок за печиво
100 гр. кокос
200 гр. шеќер
250 грама брашно
2 супени лажици какао
мармалад за премачкување

 

Начин на подготовка
Измешајте ги шеќерот, водата, маслото, брашното и печивото додека се добие еднолична смеса. На крај додајте го и кокосот и смесата поделете ја на два еднакви дела во одделни садови. Едниот дел ќе остане бел, а во другиот додадете 2 лажици какао и добро промешајте. Тестото префрлете го во калап за куглов и печете 15-20 минути на температура од 200 степени.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk