Рецепт: Пржена туна со салата од домати

Уште една идеа за вкусен и здрав посен ручек.

 

Потребни состојки:
– 4 парчиња свежа туна
– 4 лажици доматно пире
– малку брашно
– малку магдонос магданос,
– 2 чешниња лук
– масло за јадење
– зачини

Начин на подготовка:

Туната посипете ја со брашно од сите страни, малку посолете и пржете ја во врело масло додека не зарумени.
Маслото во кое сте ја пржеле туната префрлете го во соодветен сад, ако е потребно додадете уште малку и во него пропржете го брашното, а откако ќе добие жолтеникава боја истурете го и пирето од домати. Сето тоа добро промешајте го заедно, додадете вода, па варете го сосот додека не згусне.
При крајот од варењето додадете ги ситно исечканите магдонос и лук и оставете да крчка уште неколку минути. Зачинете по желба.
Испржената туна ставете ја во тенџере, полијте ја со сосот и тоа заедно динстајте го уште 10-тина минути.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk