Рецепт: Пролетна компир салата

Кога пролетта ќе подрани на вашата трпеза.

Потребни состојки:

– половина килограм компири
– 200 грама сланина, исечкана на коцки
– 5 помали домати, исечени на коцки
– 1 помала главица кромид
– 5 лажици маслиново масло
– 3 чешниња лук
– 200 грама обарена жолта боранија
– малку оригано
– ситно сечкан босилек
– сол и бибер

 

Начин на подготовка:

Сварете те ги компирите. Лукот ситно исечкајте го. Кога компирите ќе бидат сварени, уште додека се топли излупете и исечете ги на четвртинки. Сосема малку пропржете ја сланината. Компирите зачинете ги со сол, бибер и додадете ги преостанатите состојки : лук, кромид, домати, сланина, оригано, босилек и боранија. Полијте ги состојките со маслиново масло. Измешајте ја салатата убаво. Пријатено јадење.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk