Рецепт: Проја со сусам

Подгответе лесен и здрав појадок по традиционален рецепт.

Потребни состојки:
3 јајца
1/4 л. масло за јадење
1/2 л. јогурт
250 гр. пченкарно брашно
5-6 лажици брашно
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
сусам
Подготовка

Во длабок сад изматете ги јајцата. Додадете сол и продолжете со матење со миксер. Откако добро ќе се изматат јајцата се додава маслото за јадење и јогуртот. Пченкарното и пченичното брашно се мешаат и во нив се додава прашокот за пециво. Во изматените јајца мешајќи со лажица се додава брашното и се внимава да не се направат грутчиња. Смесата се истура во правоаголни калапчиња обложени со хартија за печење или во калапчиња за мафини. Одозгора се посолува со сусам и се пече околу 40 мин на 180 степени.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk