Рецепт: Ролат од лиснато тесто

Солен ролат од лиснато тесто кој е одличен избор доколку постите.

Потребни состојки:

-500 гр. свежи шампињони
-50 гр.ориз
-2 главици кромид
-половина лажица мешан зачин
-4 лажици соини трошки
-масло за јадење
-сол , црн бибер
-500 гр. лиснато тесто

Начин на подготовка:


Кромидот и печурките се пржат во масло , оризот се вари, а сојата се полива со врела вода и се остава да набабри. Содржината во тавата се посолува , се додаваат останатите состојки и се промешува. Лиснатото тесто се расвлекува во танка кора , се нанесува сместа и се витка во ролат. Ролатот се премачкува со смеса од сенф и вода и се пече на 200 степени додека порумени.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk