Рецепт: Слатки мафини со нутела

Изненадете ги најмилите со овие сочни и вкусни чоколадни мафини со нутела.

 

Потребни состојки:

3 јајца
100 грама шеќер
400 грама Нутела
100 грама брашно
половина лажичка прашок за пециво

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата и шеќерот. Кога смесата ќе стане пенаста додајте ја Нутелата и мешајте додека состојките не се соединат. Потоа додадете го во садот и брашното промешано со прашокот за пециво. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Со смесата наполнете ги калапите за мафини (не повеќе од половина) и печете 10 до 15 минути.
Украсете по желба.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk